Писмо од Алиев до Ердоган по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето писмо нагласи дека обидот за пуч (реализиран од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година) претставува предавнички план против Турција

1455849
Писмо од Алиев до Ердоган по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев испрати писмо до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство. 

Претседателот Алиев во своето писмо нагласи дека обидот за пуч (реализиран од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година) претставува предавнички план против Турција и истакнува дека благодарение на јунаштвото на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и љубовта на турскиот народ кон претседателот Ердоган братска Турција „излезе посилна од овој тежок испит.“

Велејќи дека Денот на демократијата и националното единство претставува јасен пример за приврзаноста на турскиот народ кон својата држава и своите демократски традиции, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во испратеното писмо го напиша следното: „Со почит се потсетувам на нашите шехиди (загинати) оние кои ги положија своите животи за спречување на обидот за пуч. Азербејџан уште од првите минути го осуди предавничкиот обид за пуч. Азербејџанскиот народ и државата Азербејџан со тоа покажаа дека се покрај братска Турција. Азербејџан и Турција поаѓајќи од принципот 'еден народ, две држави' постојано се поддржуваат меѓусебно во добри и во тешки денови.“



Слични вести