На северот на Ирак неутрализирани двајца, а на северот на Сирија фатени четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во воздушна операција на северот на Сирија се неутрализирани двајца терористи на ПКК, додека во подрачјето на операцијата Маслиново гранче на северот на Сирија се фатени четворица терористи на ПКК/ЈПГ

1456439
На северот на Ирак неутрализирани двајца, а на северот на Сирија фатени четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека со реализирана воздушна операција во областа Зап во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на ПКК кои биле утврдени во оваа област.

Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија пак, се фатени четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Фатени се четворица терористи на ПКК/ЈПГ без да ги остварат своите предавнички намери, за кои беше утврдено дека водат терористички активности со цел да ја нарушат средината на спокојство и доверба во подрачјето на операцијата Маслиново гранче.“



Слични вести