МНР на Турција: Ерменија што поскоро треба да научи да стане дел од решенијата во Јужен Кавказ

Министерството за надворешни работи објави писмено соопштение во кое покажа реакција против нападите на Ерменија врз Азербејџан и валканата кампања што ја води оваа земја против Турција

1456372
МНР на Турција: Ерменија што поскоро треба да научи да стане дел од решенијата во Јужен Кавказ

Турција соопшти дека треба да се покаже реакција против нападите коишто ги реализира Ерменија против Азербејџан и оцрнувањата против Турција и дека ерменските органи што поскоро треба да научат да станат дел од решенијата во Јужен Кавказ.

Министерството за надворешни работи одговори писмено на вчерашното објавено соопштение од страна на ерменското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека Ерменија за прикривање на своите агресорски акции против Азербејџан сега се гледа дека се нафаќа на една валкана кампања за лицемерно оцрнување на Турција и се вели следното: „Овој дволичен став на Ерменија која со години ја продолжува нелегитимната окупација на азербејџанските територии, на отворен и јасен начин открива која е вистинската препрека пред воспоставувањето на трајниот мир и стабилноста во Јужен Кавказ.“

Во соопштението се нагласува дека водењето на надворешна политика со обвинувања и клевети исклучени од контекст, нема да бидат во полза ниту на регионот, ниту на Ерменија, и се подвлекува следното: „Овој приод, е манифестација на еден менталитет кој својот идентитет го оформува само со создавање на непријателство од сфаќање на една еднострана историја и кој се обидува да ја легитимизира својата агресивност спротивна на меѓународното право. Овој осакатен став којшто ги поттикнува агресивниот национализам е загрижувачки, но не и зачудувачки. Ерменските органи треба да ги го зберат умот и што поскоро треба да научат да станат дел од решенијата во Јужен Кавказ, а не од проблемите.“



Слични вести