Хулуси Акар: Ерменија сигурно ќе ја плати сметката за нападите врз Азербејџан

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги осуди нападите на Ерменија против Азербејџан и го рече следното: „Ќе останат згмечени под овој заговор, ќе бидат задавени во овој заговор и сигурно ќе ја платат сметката за стореното.“

1456407
Хулуси Акар: Ерменија сигурно ќе ја плати сметката за нападите врз Азербејџан

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во период кога се наоѓаат на дневен ред нападите на Ерменија врз Азербејџанските територии денеска во Анкара го прими заменик-министерот за одбрана и командант на воздушните сили на Азербејџан Рамиз Тахиров и делегацијата во негова придружба.

Приемот се одржа во Министерството за национална одбрана, а присуствуваа и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз и командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа на почетокот на средбата истакна дека по реализираните напади претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а тој самиот со азербејџанскиот министер за одбрана Закор Хасанов и на тој начин одблизу ги следат случувањата. 

Осудувајќи ги нападите на Ерменија против Азербејџан, Акар рече: „Ќе останат згмечени под овој заговор, ќе бидат задавени во овој заговор и сигурно ќе ја платат сметката за стореното.“

Велејќи дека во врска со случувањата ќе биде сторено се што е неопходно, Хулуси Акар рече: „Жестоко го осудуваме извршениот подол напад врз областа Товуз. Болката на азербејџанските Турција е и наша болка. Сакам сите да го знаете и тоа дека секој вид проблем што го доживувате таму вие, се чувствува многу длабоко овде.“

Акар им посака милост од Аллах на јуначките припадници на азербејџанските вооружени сили кои станаа шехиди (загинаа) водејќи борба за безбедноста на своите граници и својот народ, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

„Го изразуваме нашето сочувство до нашите азербејџански браќа. Би сакал да го истакнам и тоа дека сме сигурни во тоа дека нивната крв нема да биде оставена на земја (нема да остане неосветена). Рековме и ќе продолжиме на секоја платформа да велиме дека не е можно да ја прифатиме окупацијата на Нагорно Карабах којашто е реализирана без никакво правно образложение и без да се потпира на легитимност. На чело со нашиот господин претседател, сите воени и цивилни лица во Турција велат дека сме заедно всо нив о целата борба што ќе ја водат нашите азербејџански браќа, овие јуначки луѓе, по ова прашање. Сиот наш народ го споделува ова чувство и оваа мисла. Веруваме од се срце во тоа поради што ние сме 'две држави, еден народ'.“ - порача Акар.

Хулуси Акар во продолжение рече: „Нашиот јазик, нашата религија, нашата историја, нашето сфаќање се исти, заеднички. Едни сме и заедно сме во неволја и во среќа. Како што рече нашиот господин претседател од првиот момент, ова навистина е обид којшто ја надминува Ерменија. Ние велиме дека ќе останат згмечени под овој заговор, ќе бидат задавени во овој заговор и сигурно ќе ја платат сметката за стореното.“

Нагласувајќи дека пријателството, братството, единството и заедничтвото помеѓу Турција и Азербејџан се од големо значење, министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја изнесе следната констатација: „Онака како што бевме заедно со нашите азербејџански браќа досега против секој вид извршен напад врз нашите азербејџански браќа ќе продолжиме да бидеме и во иднина. Исти и заедно сме со нашите азербејџански браќа, нивната болка ја чувствуваме во нашето срце, ние како држава Република Турција, како Турски вооружени сили (ТВС), онака како што правевме досега ќе продолжиме да го правиме неопходното и во иднина.. Никој да нема сомневање во тоа.“



Слични вести