Чавушоглу му честита на новоназначениот министер за надворешни работи на Азербејџан Бајрамов

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која му честита на новоназначениот министер за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов и му посака успех во новата должност

1456435
Чавушоглу му честита на новоназначениот министер за надворешни работи на Азербејџан Бајрамов

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу му честита на новиот министер за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов кој е назначен на оваа должност.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Му честитам на новиот министер за надворешни работи на Азербејџан. Му посакувам успех во новата должност. Ќе продолжиме да работиме со сфаќањето 'еден народ, две држави'.“ 

Инаку, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска го потпиша указот за разрешување на досегашниот долгогодишен министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и за нов министер за надворешни работи го назначи министерот за образование Џејхун Бајрамов.

Досегашниот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров кој на оваа функција беше назначен во 2004 година, на вчерашниот состанок на Министерскиот совет беше критикуван од страна на претседателот Илхам Алиев.

Претседателот Илхам Алиев истакна дека Мемедјаров е неуспешен во преговорите во процесот за решение во Нагорно Карабах и дека откако започнаа судирите на границата на 12 јули пак, не презеде доволни активности.

 



Слични вести