Турција почнува со активности за дупчење во Источниот Медитеран

Турција во периодот од 18 јули до 18 август ќе реализира активности за дупчење за истражување нафта и гас во Источниот Медитеран

1455745
Турција почнува со активности за дупчење во Источниот Медитеран

Турција во Источниот Медитеран овојпат ќе биде на терен за дупчење (сондажа). 

Во периодот од 18 јули до 18 август ќе се реализираат активности за истражување (пребарување) на нафта и гас во регионот.

По едно по друго реализираните воени вежби Турција со цел да застане во одбрана на своите права о Сината татковина уште еднаш ќе води активности во Источниот Медитеран.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата неодамнешна изјава рече: "Ќе продолжиме да го браниме до крај нашите права и интереси во Средоземното Море, на Кипар и Егејското Море."

За започнување на нови активности за дупчење (сондажа) во Источниот Медитеран, беше објавен Navtex, односно информацијата за пловење и активности во морето.

Според соопштението за Navtex, активностите за дупчење (сондажа) ќе започнат на 18 јули и ќе завршат на 18 август.

Новите активности за дупчење (сондажа) во Источниот Медитеран ќе се реализираат со 4 брода по име Јавуз, Ертугрул Беј, Осман Беј и Орхан Беј.

Во утврдените зони ќе се истражува гас и нафта во текот на еден месец.

Турција во своето соопштение за Navtex воедно достави предупредување со забелешката "жестоко се препорачува да не се влегува во зоната на работа".



Слични вести