Претседателот Ердоган: Ноќта на 15 јули се обидоа повторно да му постават синџир на овој народ и не успеаја

Претседателот Ердоган истакна дека тие кои ноќта на 15 јули 2016 година се обидоа повторно да му постават синџир на овој народ, вљубеник во слободата, не успеаја во тоа.

1455792
Претседателот Ердоган: Ноќта на 15 јули се обидоа повторно да му постават синџир на овој народ и не успеаја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на четвртата годишнина од предавничкиот обид за пуч на 15 јули 2016 година, одржа обраќање до нацијата.

Претседателот Ердоган истакна дека тие кои ноќта на 15 јули 2016 година се обидоа повторно да му постават синџир на овој народ, вљубеник во слободата, не успеаја во тоа.

Ердоган своето обраќање до нацијата го започна посакувајќи им милост од Аллах на 251-от граѓанин кои станаа шехиди (загинаа) за време на обидот за пуч на 15 јули, а воедно потсети дека народот таа ноќ без никаква присилба на своја сопствена иницијатива стапи во акција против пучистите.

„Ноќта на 15 јули се обидоа повторно да му постават синџир на овој народ, вљубеник во слободата и фала му на Бога не успеаја.“ - рече Ердоган.

Велејќи „Му ја изразувам мојата бескрајна благодарност на мојот Аллах поради тоа што ме создал како припадник (член) на еден ваков народ“, претседателот Ердоган напомена дека 15 јули претставува обид за окупација, но дека народот не дозволи да бидат исполнети овие желби на оние кои правеа пресметки преку народот.

„Со еден славен отпор ги поразивме оние кои сакаа да го замолкнат нашиот езан, да го симнат нашето знаме, да ја згазат националната волја. Секој член (припадник) на нашиот народ докажа дека може да се претвори во непобедлив херој за својот езан, своето знаме, својата слобода и иднина.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно го додаде и следното: „Има уште многу зборови коишто ќе ги каже овој народ, и многу проекти коишто ќе ги стави во живот.“

 



Слични вести