Министерот Хулуси Акар: Од почетокот на годината досега се неутрализирани 1.900 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека од почетокот на годината досега се неутрализирани 1.900 терористи

1455651
Министерот Хулуси Акар: Од почетокот на годината досега се неутрализирани 1.900 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа на церемонијата на одбележување на 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, во Министерството, го рече следното: „Со одлучност ја продолжуваме борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Нема да дозволиме ниту еден предавник да ја носи славната униформа на Турските вооружени сили (ТВС).“

Министерот Акар истакна дека од 24 јули 2015 година до денеска се неутрализирани вкупно 17.027 терористи, додека од почетокот на годината досега 1.900 терористи.

Акар рече: „Одлучни сме да ја елиминираме терористичката неволја. Од 24 јули 2015 година се неутрализирани 17.027 терористи, а од почетокот на оваа година досега 1.900 терористи.“

Во врска со тврдењата за вознемирување на францускиот брод (во близина на Либија) пак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Тврдењата се целосно невистинити и нашата праведност е докажана. Се уште очекуваме извинување од нашите француски сојузници.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар направи проценка и на прашањето во врска со реализираните напади од страна на Ерменија врз Азербејџан и го подвлече следното: "Оние кои го реализираа овој гнасен напад се нафатија на работа која ги надминува нив. Ерменија ќе се задави во оваа наместена игра." 



Слични вести