Ердоган: „15 јули е последна алка на синџирот на борбата за опстојување“

15 јули не е обичен обид за воен удар

1455708
Ердоган: „15 јули е последна алка на синџирот на борбата за опстојување“
şentop.jpg

Поминаа 4 години од обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во Турција.

Турција денес 4-та годишнина од кукавичкиот обид за воен удар ја одбележува како Ден на демократијата и националното единство.

Турција денес им оддава почит на своите херои кои на 15 јули бестрашно ги положија своите животи за татковината и знамето.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган програмата во врска со 15 јули ја започна со положување цвеќе на Споменикот посветен на 15 јули пред претседателскиот дворец.

Претседателот Ердоган, на Споменикот на 15 јули на кој 4 фигури го симболизираат слоганот „Еден народ, едно знаме, една татковина и една држава“ цвеќето го положи заедно со претставници на полицијата, војската и воените ветерани, а веднаш потоа премина во Големото национално собрание на Турција каде што учествува на Програмата за сеќавање и помен на шехидите на 15 јули.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган рече дека 15 јули е последната алка на синџирот на борбата за опстојување.

Изборот на Собранието како цел за бомбардирање од страна на кукавиците на ФЕТО на 15 јули не е случајност.

Бидете убедени дека ако смогнаа доволно моќ и сила, пучистите немаше да се стремат да го урнат Собранието и немаше да остават ниту еден камен. Бидете сигурни дека немаше да се стремат да ги убијат претседателот, премиерот и сите избрани раководители на државата.

15 јули не е обичен обид за воен удар.

15 јули е последната алка на синџирот на вековната борба за опстојување  на овие територии. Во позадината на овој обид за воен удар лежат многу поголеми пресметки и самото остварување претставува историска точка на прекршување. За инает на сите користољубиви кои не се стремеа да ја фрлат во оган Турција, исто како ноќта на 15 јули, заедно со народот, рамо до рамо со иста одлучност ќе продолжиме со одбраната на татковината, демократијата и независноста.

Ги канам сите пратеници во Собранието да изразат поддршка на каузата за голема и силна Турција.

Дојдете сите заедно да излеземе во пресрет на аманетот на шехидите. Дојдете сите заедно да чекориме кон предвидените цели за 2023 година. Сите заедно да ја искачиме Турција кон посветла иднина“ рече претседателот Ердоган.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека по период од 4 години од најкрвавиот и најкукавички обид за воен удар, кој беше победен под лидерство на решителноста на граѓаните и претседателот Реџеп Тајип Ердоган,  Собранието кое беше цел на кукавичката чета, повторно стана собирно место.

Шентоп на шехидите кои се жртвуваа против подмолниот обид за воен удар им изрази божја милост, на блиските сочувство, додека на ранетите здравје и долг живот.

Една од основните причини на обидот за воен удар во Турција е фактот Турција да не стане земја која што ќе може јавно да го изнесе својот став во светот против неправдите на актуелниот глобален систем. Постепеното зајакнување на Турција во економијата, одбранбената индустрија, напорите за стекнување со независност во снабдувањето со енергија и низа други полиња, се основните причини за извршување на обидот за воен удар на 15 јули. Целта и појдовната точка на сите обиди за воен удар од 27 мај до 15 јули се Турција на преден план да не излезе како силна земја и да се спречи да постане една од земјите актери во глобалната распределба на светските богатства.

По повод одбележувањето на 15 јули, претседателот Ердоган во чест на загинатите шехиди, на семејствата ќе им приреди вечера од каде што ќе и се обрати на нацијата.

Во рамките на годинашново одбележување на 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство, во министерствата и јавните установи ќе се одржат 1 609, во универзитетите 521, во цивилните организации 108, вкупно 2 238 комеморации во целата земја. Надвор од земјата ќе се одржат 752 комеморации.



Слични вести