Борбата на Турција против Ковид-19: Бројот на оздравените е поголем од бројот на новите случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 17 лица, дијагностицирани се 947 новозаразени, а оздравеа уште 1.013 заболени пациенти; Досега починаа вкупно 5.419 лица, инфектирани се 215.940, а оздравеа вкупно 197.733 лица

1455777
Борбата на Турција против Ковид-19: Бројот на оздравените е поголем од бројот на новите случаи

Дневниот број на регистрирани нови случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција повторно опадна под илјада лица.

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 17 смртни случај.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.419 лицa.

Во изминатите 24 часа направени се 42.320 тестирања од кои се дијагностицирани 947 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 215.940 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.013 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 197.733 лица.



Слични вести