Специјално видео од Алтун „Нова епоха“ по повод четвртата годишнина од обидот за пуч на 15 јули 2016 година

Фахреттин Алтун на својот профил на Твитер на англиски напиша: „Турскиот народ на 15 јули успешно се спротивстави на обидот за пуч на 15 јули и напиша историја. Заедно ја одбранивме нашата демократија, независност и слобода.“

1455015
Специјално видео од Алтун „Нова епоха“ по повод четвртата годишнина од обидот за пуч на 15 јули 2016 година

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели специјално видео по име „Нова епоха“, подготвено по повод одбележувањето на четвртата годишнина од предавничкиот обид за пуч на 15 јули 2016 година.

Алтун на својот профил на Твитер на англиски напиша: „Турскиот народ на 15 јули успешно се спротивстави на обидот за пуч на 15 јули и напиша историја. Заедно ја одбранивме нашата демократија, независност и слобода. По изминати 4 години со почит се сеќаваме на нашите јунаци кои станаа шехиди и на нашите газии.“

Фахреттин Алтун во својата објава сподели специјално видео подготвено од страна на Управата за комуникации при претседателството на Република Турција, а во кое се раскажува дека победата што ја извојува народот против обидот за пуч на 15 јули претставува нова епоха (пресвртница) од аспект на историјата на светската демократија.

Во видеото по име „Нова епоха“, се наоѓа одговорот на еден младинец кој се спротивстави на обидот за пуч на 15 јули 2016 година и кој студира во стрнаство, а го дава на својот професор.

Така, професорот за време на наставата вели „Според една колумна, по 1950 година во светот се извршени 236 успешни воени удари. Во ниту еден од нив невооружениот народ, поради асиметричната нерамнотежа на моќта во ист момент со обидот за пуч не можел да презентира пример на цивилна волја против вооружените сили.За жал во светската историја не бил извршен обид за воен удар којшто е спречен лично со отпорот на народот.“

На овие зборови на професорот, младинецот одговора со зборовите: „Се до ноќта на 15 јули 2016 година! Турскиот народ таа ноќ... За демократијата, за иднината на својата земја... Се обедини од 7 до 70 години. Го жртвуваше својот живот, напиша историја. И, овој предавнички обид за пуч беше спречен. Турскиот народ таа ноќ напиша еп. Тоа е нова епоха за историјата на воените удари во светот, за демократијата.“

 



Слични вести