Мевлут Чавушоглу: Го отфрламе зборот „осуда“ на ЕУ во врска со Аја Софија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција го отфрла зборот „осуда“ на Европската унија (ЕУ) во врска со Аја Софија

1455097
Мевлут Чавушоглу: Го отфрламе зборот „осуда“ на ЕУ во врска со Аја Софија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со министерот за надворешни работи на Малта Еварист Бартоло кој допатува во официјална посета на Анкара со кого потоа одржаа и заедничка прес-конференција.

Чавушоглу покажа реакција против изјавата на високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција го отфрла зборот „осуда“ на Европската унија (ЕУ) во врска со Аја Софија.

„Доколку Борел речеше ‘Подобро ќе беше да не се отвореше‘, тоа ќе го почитував. Да речеше ‘Подобро да останеше музеј‘ и тоа ќе го почитував. Но зборот ‘осуда‘ ние го отфрламе. Во Шпанија има објекти кои биле изградени како џамија и потоа биле пренаменети во црква. Дали и ние сега треба да ѝ речеме на Шпанија ‘Претворете ги повторно во џамија, ве осудуваме‘? Спротивното е тоа. Освен тоа, тоа е прашање кое ги засега суверените права на Турција.“ - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека Турција е спремна за дијалог и соработка со секого во Источниот Медитеран, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Вклучувајќи ја и Грција. Впрочем, по остварениот разговор на нашиот господин претседател со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис започнавме дијалог. Со дијалог можеме да ги решиме овие прашања. Ние сме за соработка и споделување, но сме против едностраното наметнување и санкции. Нема да потклекнеме на тоа. Имаме и решителност и добра волја, и во оваа смисла флексибилни сме за соработка.“

Министерот за надворешни работи на Малта Еварист Бартоло пак, во својот говор се осврна на либиското прашање и истакна дека посакуваат да не се убиваат Либијците меѓусебно.

 



Слични вести