Хулуси Акар: Во операцијата „Шепа-Тигар“ досега се неутрализирани 62 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во операцијата Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) досега се неутрализирани 62 терористи

1455070
Хулуси Акар: Во операцијата „Шепа-Тигар“ досега се неутрализирани 62 терористи

Под претседателство на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и со учество и на командантите на родовите, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз и командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и замениците министри, се одржа состанок преку видеоконференција.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар овде во дадената изјава во врска со актуелниот дневен ред го рече следното: „Во операцијата Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) досега се неутрализирани 62 терористи. Здивот на нашите командоси е на вратот на предавниците.“

Осврнувајќи се и на судирите на азербејџанско-ерменската граница, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, рече: „Ќе продолжиме да ги поддржуваме Азербејџанските вооружени сили и нашите азербејџански браќа против Ерменија која го продолжува агресивниот став.“



Слични вести