Ердоган: „Турција ќе продолжи да го штити наследството на Аја Софија“

Турција со сите свои можности и капацитет ќе продолжи со поддршката на Азербејџан

1455176
Ердоган: „Турција ќе продолжи да го штити наследството на Аја Софија“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција успешно го помина кулминантниот период на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

На прес конференцијата што ја одржа по состанокот на претседателскиот кабинет, претседателот Едоган рече дека Турција беше многу успешна во борбата против епидемијата потенцирајќи дека радува веста за повторното намалување на бројот на заразените и смртни случаи.

За минимализирање на заразените случаи, со мерките ќе проолжиме уште одреден период, рече Ердоган.

Во освртот на отворањето на Аја Софија, претседателот Ердоган рече дека Аја Софија не се пренаменува од црква, туку од музеј во џамија.

Џамијата Аја Асофија која беше примена во разурната состојба, беше пренаменета во наше дело. Аја Софија ќе го сочува својството на културно наследство.

Одлуките во врска со слободата и правата на нашиот народ, како и Аја Софија ги донесуваме самите, рече Ердоган и додаде:

Постои 4 до 5 пати поголема разлика меѓу бројот на местата за остварување на богослужбата на муслиманската популација во Европа и немуслиманската популација во Турција. Турција не може да се ослободи од изложеноста на двојниот стандард.

Надоврзувајќи се на ерменските напади врз братски и пријателски Азербејџан, претседателот Ердоган рече дека остро ги осудува овие напади. Турција со сите свои можности и капацитет ќе продолжи со поддршката на Азербејџан.

Чувствуваме голема загриженост од зголемувањето на напнатоста која трае од ерменската окупација на Нагорно Карабах како и непромислените и систематски напади на Ерменија да не прераснат во судири.

Овие напади го надминуваат капацитетот на Ерменија. Целта на истоте е да се спречи изнаоѓањето решение на Нагорно карабах и предизвикување нови зони на судири. Турција нема да се стреми да се спротивстави на сите напади насочени против правата, легитимноста и територијалниот интегритет на Азебејџан, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести