Ердоган: „Ковид-19 е најголемата здравствена криза во последниот век на човечката историја“

Голем број земји во светот беа неспремни од аспект на здравствената инфраструктура

1454148
Ердоган: „Ковид-19 е најголемата здравствена криза во последниот век на човечката историја“

Претседателот Реџеп Тајип Едоган рече дека новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е најголемата здравствена криза во последниот век на човечката историја.

Ердоган во интервјуто за списанието „Критер“ рече дека голем број земји во светот беа неспремни од аспект на здравствената инфраструктура, а некои развиени земји дури се соочија со тешкотии во снабдувањето на граѓаните и здравствените работници со основните заптитни материјали како што се комбинезони, маски, заштитна опрема.

Со 40 илјади здравствен персонал вработени во интензивните одделенија, капацитет на болнички легла во болниците од 246 илјади, 1 213 уреди за компјутерска томографија, 4 илјади установи за хоспиталзација, 1 100  000 здравствени работници, Турција е земја која најлесно и најспокојно ја пречека епидемијата.

Во Турција не беа доживеани сцени на непочитување и незаинтересирање кон болните пациенти, немање маски, срамни глетки од домовите за старци, а покрај тоа, Турција испрати медицинска помош на 140 земји во светот, без оглед на нивното етничко, верско и јазично потекло.

Апаратите за дишење коишто беа произведени од страна на турските фирми, беа извезени во Бразил, Сомалија и низа други земји во светот, рече Ердоган потенцирајќи дека продолжуваат 17 фармацевтски проекти од кои8 се насочени за откривање на валцината проитв Ковид-19.



Слични вести