Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) се неутрализирани уште двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1453589
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во рамките на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто продолжува да се реализира во областа Хафтанин во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека со одлучност продолжува операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan), преку границата, во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели следното: „Во рамките на операцијата „Шепа-Тигар“ којашто продолжува успешно со реализирана воздушна операција се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК кои биле утврдени во областа Хафтанин. Нашите операции ќе продолжат се додека сите нивни пештери им бидат срушени врз главите (додека не бидат уништени).“

Од друга страна, како резултат на обидите за убедување водени од страна на полицијата во градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, една жена терорист на ПКК им се предаде на безбедносните сили во населеното место Нусајбин кај градот Мардин, во близина на границата со Сирија.

Жената терорист М. Б. на средбата со своите родители им раскажа на новинарите дека кон терористичката организација се приклучила во 2015 година поради семејни причини и дека оттогаш делувала во редовите на ЈПЖ (YPJ) женскиот огранок на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Ирак и Сирија.

М. Б. кажа дека била поттикната од членовите терористи кои во последните денови бегаат од организацијата и одат кај своите семејства, а воедно рече: „Многу се покајав поради тоа што се приклучив кон организацијата. Среќна сум поради тоа што се сретнав со моето семејство.“



Слични вести