Претседателот Ердоган: Отворањето на Аја Софија повторно за верски обред е внатрешно прашање на Турција

Претседателот Ердоган изјави за списанието „Критер“ дека отворањето на Аја Софија повторно како џамија за верски обред (богослужба) пртеставува внатрешно прашање на Турција

1453662
Претседателот Ердоган: Отворањето на Аја Софија повторно за верски обред е внатрешно прашање на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во направената проценка на актуелниот дневен ред за списанието „Критер“ истакна дека Аја Софија е место кадешто Фатих Султан Мехмет Хан (османлискиот султан Фатих втори освојувачот) по освојувањето на Истанбул го клањаше првиот џума намаз (петочната молитва) и објект којшто како симбол на освојувањето е пренаменет во џамија, поради што нејзиното место во меморијата на општеството е неодречиво (неоткажливо).

Ердоган напомена дека отворањето на Аја Софија повторно како џамија за верски објект (богослужба) пртеставува внатрешно прашање на Турција. 

Велејќи дека преуредувањето на Аја Софија во 1934 година од џамија во музеј е одлука која причини болка во срцето на народот, претседателот Ердоган го рече следното: „Аја Софија требаше повторно да се стекне со нејзиниот суштински (вистински) идентитет. По поднесената тужба Државниот совет ја донесе дефинитивната одлука. Орган за донесување на конечната одлука во врска со статусот на Ај Софија не се другите, туку турскиот народ. Тоа е наше внатрешно прашање. И на другите земји им се паѓа само да покажат почит кон донесената одлука.“

Правејќи проценка и на политичката криза во Либија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека планот на окупација на пучистот Хафтар и на неговите поддржувачи не успеа.

Тој потсети на постигнатиот меморандум помеѓу Турција и Либија во врска со што појасни дека на тој начин Турција ги загарантира своите права и интереси во Источниот Медитеран и дека истовремено застана во одбрана и на своите либиски браќа.

Нагласувајќи дека воспоставувањето на стабилноста што поскоро во Либија е во интерес на целиот регион, а не само на либискиот народ, претседателот Ердоган го додаде следното: „Зајакнувањето на оваа земја од политички и економски аспект ќе ги релаксира и Севрна Африка и Европа. Меѓународната заедница поддржувајќи ја легитимната влада веќе треба да го направи својот избор, треба да ги сопре пучистите кои извршуваат воено злосторство. Легионерите кои ја претворија Либија во езеро од крв што поскоро треба да бидат извадени од оваа земја. Треба сигурно да се праша сметката од пучистите за масовните гробници кои се пронајдени во Терхуне и во уште други градови.“

 



Слични вести