Чавушоглу: Либиската влада ќе се согласи за прекин на огнот само со повлекување на силите на Хафтар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека либиската влада би можела да се согласи за прекин на огнот само доколку силите лојални на Хафтар се повлечат од клучните области во земјата

1453685
Чавушоглу: Либиската влада ќе се согласи за прекин на огнот само со повлекување на силите на Хафтар

Британскиот весник „Фајненшал тајмс“ делот од реализираното интервју со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на неговата остварена посета на Лондон на 8 јули, посветен на Либија го објави под насловот „Турција вели дека нема да има прекин на огнот се додека Хафтар не се повлече“.

Според написот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека либиската влада би можела да се согласи за прекин на огнот само доколку силите лојални на Хафтар се повлечат од клучните области во земјата.

Во интервјуто, Чавушолгу појасни дека либиската влада е одлучна до ја продолжи офанзивата се додека силите лојални на Хафтар не се повлече од областите на приморскиот град Сирте и Џуфра кадешто се наоѓа стратешката воздухопловна база.

Укажувајќи на заканата предизвикана од судирот во Либија којшто се претвори во прокси војна Мевлут Чавушоглу привлече внимание на тоа дека како што предупредуваат дипломатите, екслацијата на тензијата би можела да премина во една нова фаза со ризик од активирање на директниот судир помеѓу странските сили кои ги поддржуваат различните страни во Либија.

Во врска со воздушниот напад којшто беше реализиран врз воздухопловната база „Ватије“ под контрола на либиската влада во северозападниот дел на земјата, Чавушоглу истакна дека се води истрага во врска со нападот и дека одговорните ќе положат сметка за тоа.

Чавушоглу рече дека во воздухопловната база Ватије која на 18 мај беше ослободена од милициските сили лојални на Хафтар се наоѓаат турски воени инструктори и технички персонал, но дека ниту еден од нив не е ранет.

Потсетувајќи дека Русија на одржаните разговори минатиот месец во Истанбул со изговарање на конкретен датум и час достави предлог за прекин на огнот, Чавушоглу појасни дека на разговорите коишто Турција ги одржа со либиската влада пак, како предуслов ги постави Сирте и Џуфра и повлекувањето на силите лојални на Хафтар на линијата од 2015 година.

Тој рече: „Сега процесот е поврзан со спротивата страна. За одржлив прекин на огнот треба да ги прифатат овие предуслови.“

На едно поставено прашање во однос на тоа пак, дали Турција е загрижена од вовлекување во еден судир од поголем обем, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговори со зборовите: „Ние не сме за било каква ескалација на тензијата во регионот, ниту пак  ја поддржуваме војната, меѓутоа тие (поддржувачите на Хафтар) се вовлечени еден во друг со пучистот Хафтар.“



Слични вести