Претседателот Ердоган за одлуката за Аја Софија: Оваа одлука ја донесовме гледајќи на тоа што сака нашиот народ

Претседателот Ердоган во врска со донесената одлука за отоврање на Аја Софија за верски обред (богослужба) рече: „Оваа одлука ја донесовме гледајќи на тоа на што ние имаме право, на тоа што сака нашиот народ, а не што велат другите“

1453364
Претседателот Ердоган за одлуката за Аја Софија: Оваа одлука ја донесовме гледајќи на тоа што сака нашиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео конференција говореше на церемонијата на свечено отворање на мостот Бегендик на реката Ботан којшто ги поврзува градовите Ван-Татван-Битлис и Сиирт-Мардин-Батман во југоисточниот дел на земјата чија изградба започна во 2014 година во месноста Бегендик во населеното место Первари кај градот Сиирт.

Претседателот Ердоган во своето обраќање во оваа пригода се осврна на борбата против тероризмот и истакна дека освен тоа што се утепани терористичките организации кои се обидуваат да ги земат под опсада границите на Турција, е формирана доста длабока безбедна линија на копно и море.

Ердоган рече: „Влеговме во период кога не се бавиме со куклите, туку со тие кои управуваат со тие кукли. Нема да вредат ниту терористичките организации, ниту јаловите агенди, ниту другите стапици.“

Претседателот Ердоган истакна дека оние кои не фрлаат чекори за спречување на непријателството кон исламот во своите земји се обидуваат да ја напаѓаат волјата на Турција за користење на своите суверени права.

Во врска со отворањето на Аја Софија за верски обред (богослужба, нејзина пренамена од музеј во џамија), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  рече: „Оваа одлука ја донесовме гледајќи на тоа на што ние имаме право, на тоа што сака нашиот народ, а не што велат другите.“



Слични вести