Претседателот Ердоган со видео порака на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница: „Се уште е свежа болката на шехидите“

Претседателот Ердоган истакна дека и покрај тоа што помина четвртина век од извршениот геноцид во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина, во месец јули 1995 година се уште е свежа болката на шехидите

1453254
Претседателот Ердоган со видео порака на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница: „Се уште е свежа болката на шехидите“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на комеморативната програма по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница учествуваше со видео порака.

Ердоган истакна дека и покрај тоа што помина четвртина век од извршениот геноцид во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина, во месец јули 1995 година се уште е свежа болката на шехидите.

Велејќи дека геноцидот во Сребреница е едната од болните и срамните страници на историјата, претседателот Ердоган рече дека со секоја откриена масовна гробница повторно се обновуваат болките во срцата.

Потсетувајќи на зборовите на првиот основачки претседател на независна Босна и Херцеговина покојниот Алија Изетбеговиќ „Никогаш немојте да го заборавите геноцидот, заборавениот геноцид се повторува“, претседателот Ердоган го рече следното: „Нема да ги заборавиме ниту нашите шехиди, нема да дозволиме да се заборави ниту геноцидот во Сребреница. Ќе ги пратиме убиствата и масакрите коишто се извршени врз нашите босански браќа, никогаш нема да ве оставиме вас сами во вашата потрага по правото и правдата.“

Претседателот Ердоган укажа на тоа дека и покрај сета драма, сиот масакр и сите солзи европските политичари не извлекоа ниту една лекција од масакрот во Сребреница и тоа што се уште се употребуваат реторики и изјави коишто го разгоруваат непријателството кон исламот и го поддржуваат непријателството кон странците, претставува голема загриженост во име на иднината.

Велејќи „За да не се доживеат повторно слични болки, освен на меѓународните организации и нам ни се паѓаат значајни одговорности“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата видео порака рече: „Ние сме претставници на една цивилизација која низ вековите ги презентирала убавите примери на толеранцијата и мирот. Не треба да дозволиме да не разделат едни со други и да не направат непријатели разликите во мислењето, етничките, културните и секташките разлики. Со верување дека ако сме во право сме силни треба да ја продолжиме во целосна доверба во себе борбата што ја водиме за задоволување на правдата. Повторно сакам да го потрцтам тоа дека поддршката на Турција и на турксиот народ се заедно со Босна и Херцеговина. На нашите шехиди во Сребреница им посакувам милост од Аллах, им посакувам трпение на нивните семејства, нивните сакани и на секој оној кој ја чувствува оваа болка во своето срце.“



Слични вести