Потпретседателот Фуат Октај: Не ги заборавивме, нема да ги заборивиме оние кои го извршија геноцидот во Сребреница

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека нема да се заборават извршителите и оние кои ги затворија своите очи пред геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина кадешто беа убиени повеќе од 8 илјади бошњачки цивили

1453262
Потпретседателот Фуат Октај: Не ги заборавивме, нема да ги заборивиме оние кои го извршија геноцидот во Сребреница

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната медија по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница истакна дека нема да се заборават извршителите и оние кои ги затворија своите очи пред геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина кадешто беа убиени повеќе од 8 илјади бошњачки цивили.

Октај во својата објава потсети и на зборовите на првиот основачки претседател на Босна и Херцеговина покојниот Алија Изетбеговиќ „Никогаш немојте да го заборавите геноцидот, заборавениот геноцид се повторува“. 

„Со милост се сеќавам на нашите бошњачки браќа кои беа измасакрирани во Сребреница, пред очите на светот, во срцето на Европа. Помина четвртина век, меѓутоа нивните болки се уште се во нашите срца. Не ги заборавивме, нема да ги заборивиме оние кои го извршија овој геноцид и оние кои ги затворија своите очи.“ - напиша во својата порака потпретседателот Фуат Октај.



Слични вести