Чавушоглу: Сребреница е место каде човечкото достоинство здоби тешка рана, каде и е нанесена црна дамка на историјата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката на својот профил на Твитер во врска со геноцидот во Сребреница, напиша: „Сребреница е место каде човечкото достоинство здоби тешка рана, каде и е нанесена црна дамка на историјата“

1453296
Чавушоглу: Сребреница е место каде човечкото достоинство здоби тешка рана, каде и е нанесена црна дамка на историјата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со геноцидот во Сребреница, во источниот дел на Босна и Херцеговина, во јули во 1995 година, ја сподели пораката „Сребреница е место каде човечкото достоинство здоби тешка рана, каде и е нанесена црна дамка на историјата.“

Чавушоглу во својата порака напиша: „На 25-годишнината од геноцидот во Сребреница ние сме покрај нашите бошњачки браќа. Сребреница е место каде човечкото достоинство здоби тешка рана, каде и е нанесена црна дамка на историјата.“

Заедно со пораката, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу сподели и фотографија од ковчезите со посмртните останки на жртвите во геноцидот во Сребреница со зборовите „Не заборавивме, нема да заборавиме, нема да дозволиме да се заборави“.

-Што се случи во Сребреница-

За време на војната во Босна (1992-1995), Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

 

 



Слични вести