Борбата на Турција против Ковид-19: Излекувани уште 1.334 пациенти, досега вкупно 193.217

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 21 лице, дијагностицирани се 1.016 новозаразени, а оздравеа уште 1.334 заболени пациенти; Досега починаа вкупно 5.344 лица, инфектирани се 211.981, а оздравеа вкупно 193.217 лица

1453370
Борбата на Турција против Ковид-19: Излекувани уште 1.334 пациенти, досега вкупно 193.217

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 21 смртен случај.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.344 лицa.

Во изминатите 24 часа направени се 48.813 тестирања од кои се дијагностицирани 1.016 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 211.981 лице.

Со отпуштање од болница на уште 1.334 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 193.217 лица.

 

 

 



Слични вести