Шентоп: Со одлуката за Аја Софија е ставено крај на копнежот во срцето и душата на нашиот народ

Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп рече: „Ајасофија во идеалите на нашата генерација и на многу генерации пред нас, секогаш заземаше место како објект кој треба да биде отворен како џамија. Заземаше место како цел, сон.“

1452910
Шентоп: Со одлуката за Аја Софија е ставено крај на копнежот во срцето и душата на нашиот народ

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во дадената изјава во врска со отворањето на Џамијата Аја Софија за верски обред (клањање намаз) рече: „Со оваа одлука е ставено крај на копнежот кој долго време се наоѓа во срцето и душата на нашиот народ.“

„Ајасофија во идеалите на нашата генерација и на многу генерации пред нас, секогаш заземаше место како објект кој треба да биде отворен како џамија. Заземаше место како цел, сон. Слоганот 'Да се скршат синџирите, Аја Софија да се отвори' беше едниот од најзначајните слогани на нашата младост, на генерациите пред нас.“ - порача претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Инаку, претседателската одлука во врска со предавањето на Аја Софија на Управата за верски прашања (Дијанет) и нејзино отворање за верски обред (клањање) е прочитана и пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Пратениците одлуката ја дочекаа со аплаузи на нозе.



Слични вести