Реакција од Турција против шведската министерка за надворешни работи Ан Линде

Министерството за надворешни работи на Турција покажа реакција против остварената средба на шведската министерка за надворешни работи Ан Линде со припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ

1452535
Реакција од Турција против шведската министерка за надворешни работи Ан Линде

Турција соопшти дека постојат сериозни прашални знаци по прашањето на приодот на Шведска кон борбата против тероризмот.

Министерството за надворешни работи покажа реакција против остварената средба на шведската министерка за надворешни работи Ан Линде со припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.

Во соопштението на Министерството за истакнува следното: „Таканаречените поборници за човекови права кои стануваат средство за црната пропаганда на терористичката органзиација, ги изоставуваат од вид масакрите коишто овие терористи ги вршат во Сирија, цивилите кои ги испраќаат во прогонство, насилно им даваат на децата оружје в рака и кои вршат зулум врз локалното население, вклучувајќи ги и Курдите кои ја негираат нивната сепаратистичка политика. Тоа пак, претставува срам.“

Се вели дека ваквиот став првенствено поради должноста којашто ја извршува (шведската министерка за надворешни работи Ан Линде) доведува до сериозни прашални знаци по прашањето на приодот на Шведска кон борбата против тероризмот, а воедно се привлекува внимание дека тоа што меѓу припадниците на терористичката организација со кои се контактира се наоѓаат и членови од военото крило ја прави уште поочајна ситуацијата.

Во соопштението се нагласува дека тоа што шведската министерка за надворешни работи Ан Линде со еден терорист разговара за операциите на Турција коишто ги реализира во Сирија во рамките на борбата против тероризмот само по себе претставува состојба којашто служи за пример во негативна смисла.

„Таканаречените поборници за човекови права кои стануваат средство за црната пропаганда на терористичката органзиација, ги изоставуваат од вид масакрите коишто овие терористи ги вршат во Сирија, цивилите кои ги испраќаат во прогонство, насилно им даваат на децата оружје в рака и кои вршат зулум врз локалното население, вклучувајќи ги и Курдите кои ја негираат нивната сепаратистичка политика. Тоа пак, претставува срам. Уште денеска, Светскиот совет на Арамејците соопшти дека ПКК/КПГ ги пушти за пари милитантите на ДЕАШ кои беа држени во камповите во североисточниот дел на Сирија и дека на тој начин одржувајќи ја во живот заканата од ДЕАШ ја доведе во опасност безбедноста и стабилноста на регионот.“ - стои во соопштението.

Во соопштението по тој повод уште еднаш се нагласува значењето да не се прави разлика меѓу терористичките организации во борбата против тероризмот и се потестува дека борбата против сите форми на тероризам претставува „заедничка обврска на меѓународната заедница.“



Слични вести