Претседателот Ердоган: Нека е аирлија одлуката за Аја Софија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со напишаната порака „Нека е аирлија“, соопшти дека Џамијата Аја Софија ќе и биде предадена на Управата за верски прашања (Дијанет)

1452905
Претседателот Ердоган: Нека е аирлија одлуката за Аја Софија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во врска со одлуката на Државниот совет за отворање на Аја Софија за вероисповед, односно нејзина пренамена од музеј во џамија истакна дека е одлучено Џамијата Аја Софија да и биде предадена на Управата за верски прашања (Дијанет) и да биде отворена за вероисповед (верски обред).

Десеттиот оддел на Државниот совет на Турција ја поништи одлуката на Советот на министри со датум од 24 ноември 1934 година во однос на пренамената на Аја Софија тогаш од џамија во музеј.

Со оваа донесена одлука од страна на Државниот совет е отворен патот за отворање на Аја Софија за верски обред (клањање).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со напишаната порака „Нека е аирлија“, соопшти дека Џамијата Аја Софија ќе и биде предадена на Управата за верски прашања (Дијанет). 

Претседателската одлука во врска со предавањето на Џамијата Аја Софија на Управата за верски прашања (Дијанет) и нејзино отворање за верски обред (клањање) е објавена во Службениот Весник на Република Турција.



Слични вести