Претседателот Ердоган: Ги повикуваме сите да ја почитуваат одлуката за Аја Софија

Претседателот Ердоган истакна дека ги повикуваат сите да ја почитуваат одлуката за Аја Софија којашто е донесена од страна на судските и извршните органи на Турција

1452995
Претседателот Ердоган: Ги повикуваме сите да ја почитуваат одлуката за Аја Софија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со Аја Софија чиј статус на музеј е укинат со одлука на Државниот совет и повторно е отворена за верски обред (клањање намаза) одржа обраќање до нацијата и истакна дека вратите на Аја Софија се отвотрени до крај за сите, домашни и странски граѓани и муслимани и немуслимани.

Ердоган рече:  „Ајасофија, заедничкото наследство на човештвото, со својот нов статус ќе продолжи да ги прегрнува (прифаќа) сите, на многу поискрен и пооригинален начин.“

Повикувајќи ги сите да ја почитуваат одлуката за Аја Софија којашто е донесена од страна на судските и извршните органи на Турција, Ердоган информира дека секој начин на изнесување став и размислување надвор од изразување на своето мислење ќе се прифати како прекршување на независноста на Турција.

„Да се бара Ватикан да се пренамени во музеј и да се забрани за верски обред и да се инсистира Аја Софија да остане како музеј, претставува производ на иста логика.“ - рече Ердоган.

Потсетувајќи дека по освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот император Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот)  во 1453 година Ајасофија е преуредена во џамија и е заживеана, претседателот Ердоган точката до којашто е дојдено денеска ја прокоментира со зборовите: „Ова претставува точно 567 право. Доколку се поведе одредена дискусија фокусирана на верувањето, тоа не треба да е Аја Софија, туку непријателството кон исламот и омразата кон странците.“

Ердоган напомена дека турскиот народ ја чува Аја Софија како зеницата на своето око и рече: „Така да, не се обидел да го промени ниту нејзиното оригинално име што значи 'божја мудрост'.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно информира дека се има за цел на 24 јули 2020 година во петок заедно со џума намазот (Петочната молитва), по изминати 86 години Аја Софија официјално да биде отворена за верски обред (богослужба).

Потсетувајќи дека во Турција се отворени за верски обред (богослужба) и 435 цркви и синагоги, Ердоган рече: „Оваа слика е манифестација на нашето разбирање со кое нашите разлики ги гледаме како богатство.“

„Повторното раѓање на Аја Софија е надовесник на стекнувањето на Месџид-и Акса со својата слобода.“ - додаде претседателот Ердоган.



Слични вести