Чавушоглу: Мошне сме блиску до потпишување на договор за слободна трговија со Велика Британија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е многу блиску до потпишување на договорот за слободна трговија со Велика Британија, но дека треба да се финализираат некои технички прашања

1452697
Чавушоглу: Мошне сме блиску до потпишување на договор за слободна трговија со Велика Британија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на својата остварена посета на Лондон во средата даде и интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ кадешто истакна дека Турција е многу блиску до потпишување на договорот за слободна трговија со Велика Британија, којшто ги опфаќа индустриските производи и земјоделските производи и услуги.

Чавушоглу напомена дека во принцип не постојат никакви разидувања во ставовите помеѓу двете земји во врска со договорот, но дека треба да се финализираат некои технички прашања.  

Во врска со преговорите за договорот за слободна трговија, Чавушоглу ја изнесе проценката „се оди многу добро и сме блиску до финализирање“ и го рече следното: „Ако погледнете кон обемот на нашата билатерална трговија, 90 отсто од  неја сочинуваат индустриски производи и постигнавме компромис по ова прашање. 5 отсто пак се состојат од земјоделски производи и услуги.“

Нагласувајќи дека Велика Британија е „стратешки сојузник“ на Турција, Чавушоглу истакна дека е одлучено да биде зголемена билатералната трговија со Велика Британија по Брегзит и дека во тие рамки е утврдена цел од околу 20 милијарди долари.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека освен договорот за слободна трговија се преговара и за друг сличен договор со Анкарскиот договор (1963) којшто обезбедува можност турските граѓани да се бават со бизнис во Велика Британија.  

Во меѓувреме, и еден висок функционер од британското министерство за меѓународна трговија кој исто така зборуваше за весникот „Фајненшл тајмс“ потврди дека разговорите за договор за слободна трговија со Турција „напредуваат добро“ и дека министерката за меѓународна трговија Лиз Труш и министерот за трговија Ранил Жајавардена идната недела ќе се состанат со своите турски колеги.



Слични вести