Жозеп Борел: За политичко решение во Сирија и Либија треба да се работи заедно со Турција

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека за политичко решение во Сирија и Либија треба да се работи заедно со Турција

1452160
Жозеп Борел: За политичко решение во Сирија и Либија треба да се работи заедно со Турција

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во говорот што го одржа на пленарната седница Европскиот парламент (ЕП) укажа на тоа дека судирите коишто продолжуваат во Сирија и Либија и други случувања во регионот влјаат директно на интересите и безбедноста на Европската унија (ЕУ).

Велејќи „И Турција е еден од актерите коишто се подложени на влијанието и кои се ефикасни во ситуацијата во регионот, во Сирија и во Либија“, Борел истакна дека за политичко решение во Сирија и Либија треба да се работи заедно со Турција. 

Жозеп Борел привлече внимание дека постојат разидувања во ставовите со Турција во однос на различни прашања и нагласи дека меѓутоа не треба да се изостават од вид и заедничките интереси и дека Турција се однесува мошне дарежливо кон повеќе од 3,5 милиони Сиријци кои ги згрижува и покажува солидарност со нив.

Борел подвлече дека за да се постигне политичко решение во Сирија и Либија треба да се работи заеднички со Турција и го додаде следното: „Турција е наш значаен партнер, земја кандидат и НАТО сојузник. Треба да ставиме крај на постоечката негативна тенденција во нашите односи и да ја свртиме наопаку.“

 



Слични вести