Турската војска ја продолжува со одлучност борбата против терористите ѝ внатре во земјата ѝ надвор преку границата

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија се притворени двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1451863
Турската војска ја продолжува со одлучност борбата против терористите ѝ внатре во земјата ѝ надвор преку границата

Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија се притворени двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ за кои е установено дека воделе активности во подрачјето.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Приведени се уште двајца терористи на ПКК/ЈПГ за кои е установено дека водат терористички активности со цел нарушување на спокојството и средината на доверба во подрачјето на операцијата Маслиново гранче. Тие се фатени без да ги постигнат своите предавнички цели.“

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи соопшти дека едниот од неутрализираните терористи во реализираната операција во руралното подрачје на Чатак кај градот Ван на 28 јни бил Муса Булан од списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

Според објавеното соопштение од Министерството, е установено дека едниот од неутрализираните терористи во реализираната заедничка операција од страна на Генералната дирекција на полицијата и Генералната команда на жандармеријата на 28 јуни е Муса Булан познат по кодното име „Авареш“ од списокот во категоријата означена со сива боја по кого се трагаше со распишана награда од 500 илјади турски лири (приближно 70 илјади долари).

Другите двајца терористи е установено дека се Мејри Каплан познат по кодното име „Сарја“ кој бил на должност т.н. заменик командант YJA Star на теренот во Ботан и Бесна Туман познат по кодното име Вежин.

Како што се истакнува, претходно е соопштено дека неутрализираните терористи се меѓу извршителите на терористичкиот напад со рачен експлозив на 8 јуни врз сервис возилото кое ги превезуваше работниците на изградбата на патот на висорамнината Белбука во населеното место Чатак кај градот Ван во кој двајца работници загинаа, а 8 мина беа ранети.



Слични вести