Министерот за здравство Коџа го прими директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге во рамките на својата посета што ја остварува на Турција најпрвин се состана со министерот за здравство Фахреттин Коџа

1452205
Министерот за здравство Коџа го прими директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге

Министерот за здравство Фахреттин Коџа го прими во Анкара директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге во рамките на својата посета што ја остварува на Турција најпрвин се состана со министерот за здравство Фахреттин Коџа.

По остварената средба лице в лице, министерот за здравство Фахреттин Коџа и директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге учествуваа на состанокот на Научниот совет за коронавирусот, а потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по разговорите со Клуге рече: „Ја ставаме во примена канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за хуманитарни и здравствени итни состојби во Истанбул. Канцеларијата која располага со специјална положба од аспект на Светската здравствена организација (СЗО) со своите работи ќе биде водич по прашањето на обезбедувањето на актуелните потреби во рамките на Ковид-19.“

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге исто така го рече следното: „Искрено ги ценам и го доставувам моето почитување до турскиот народ и органите за солидарноста што ја презентираат против Ковид-19.“

Велејќи дека Турција помина една многу значајна кривина во борбата против Ковид-19, Клуге рече: „Теретот на случаи и бројот на смртни случаи е намален за 75 отсто.“



Слични вести