Калин: Отворањето на Аја Софија за вероисповед нема да одземе ништо од нејзиниот идентитет „светско наследство“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна отворањето на Аја Софија за вероисповед нема да одземе ништо од нејзиниот идентитет како историско светско наследство

1452118
Калин: Отворањето на Аја Софија за вероисповед нема да одземе ништо од нејзиниот идентитет „светско наследство“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин даде знајачни изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ посветени на актуелниот дневен ред.

Осврнувајќи се на дискусиите во врска со Аја Софија, Калин истакна дека отворањето на Аја Софија за вероисповед нема да одземе ништо од нејзиниот идентитет како историско светско наследство. 

Тој рече: „Отворањето на Аја Софија за вероисповед (верски обред) нема да одземе ништо од нејзиниот идентитет како историско светско наследство. Можат да ја посетат уште поголем број луѓе.“

Во врска со планот на Израел за анексија на Западниот Брег пак, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го рече следното: „Тоа претставува нова политика, потег, игра, на (силеџиство) насилно одземање и окупација. Никој не треба да западне во таа играа.“



Слични вести