Ердоган ќе се обрати преку видео порака на комеморациите на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница

Претседателот Ердоган на годинашните комеморации по повод одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница на 11 јули во сабота ќе се обрати преку видео порака

1452046
Ердоган ќе се обрати преку видео порака на комеморациите на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на годинашните комеморации по повод одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница коишто ќе се одржат на 11 јули во сабота, ќе учествува преку видео порака.

Амбасадорот на Турција во Сараево Халдун Коџ истакна дека годинашните комеморации по повод одбележувањето на 25-годишнината на геноцидот во Сребреница кога во месец јули 1995 година од страна на српските единици беа убиени повеќе од 8 илјади бошњачки цивили, поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржат со ограничено учество.

Амбасадорот Коч потсети дека претседателот Ердоган минатата година точно на денешен ден присуствуваше на комеморациите на испраќање на жртвите од геноцидот од Сараево во Поточари и го рече следното: „Оваа година пак, ја испрати својата видео порака. Неговата порака ќе ја видиме на 11 јули во Меморијалниот центар во Поточари.“

Нагласувајќи дека не треба да се заборави човечката драма во Сребреница и дека треба да се извлече лекција од случувањата, амбасадорот на Турција во Сараево Халдун Коч рече: „Треба да гледаме со надеж кон иднината. Стабилноста, единството и целовитоста на Босна и Херцеговина се од приоритетно значење на Балканот. Главниот елемент на нашата политика во повоениот период секогаш беа политичката стабилност и економскиот развој на Босна и Херцеговина.“

Велејќи дека Турција секогаш била најискрен пријател на Босна и Херцеговина, амбасадорот Коџ додаде дека турските институции кои на ефикасен начин го продолжуваат своето постоење во Босна и Херцеговина секогаш придонесувале во економскиот развој на земјата.



Слични вести