Турската крајбрежна стража спаси 26 мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на населеното место Фоча кај градот Измир спасија 26 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1451383
Турската крајбрежна стража спаси 26 мигранти

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Фоча кај градот Измир се спасени 26 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад „присилно вратени“ кон турските територијални води.

По добиени информации дека во близина на 'ртот Аслан се наоѓаат мигранти на два сплава на местото на настанот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени 26 мигранти кои чекаа помош и беа извадени на копно.

Како што е дознаено мигрантите биле турнати назад „присилно вратени“ кон турските територијални води од страна на елементите на грчката крајбрежна стража. 

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Измир.



Слични вести