На северот на Сирија се приведени 7 терористи на ПКК/ЈПГ

Турските војници на северот на Сирија приведоа 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ од кои 4 во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и 3 во подрачјето на операцијата Маслиново гранче

1451490
На северот на Сирија се приведени 7 терористи на ПКК/ЈПГ

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се приведени 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ од кои 4 во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и 3 во подрачјето на операцијата Маслиново гранче.

Министерството во соопштението коешто го сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека нема да се дозволат никои активности на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ коишто ги води во северниот дел на Сирија за формирање на терористички коридор.

Во соопштението се нагласува дека ќе продолжи со одлучност борбата против тероризмот во северниот дел на Сирија и се додава следното: „Нашата борба против тероризмот ќе продолжи со одлучност се додека да се воспостават безбедноста на нашиот народ и нашите граници, како и спокојството и безбедноста на нашите сириски браќа.“



Слични вести