Мустафа Шентоп повторно избран за претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ)

Пратеникот на АК Партијата од Текирдаг и актуелен претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, во третиот круг од гласањето со освоини 328 гласови е реизбран за претседател на Собранието

1451041
Мустафа Шентоп повторно избран за претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ)

Пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од градот Текирдаг и актуелен претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп повторно е избран на оваа должност со уште еден мандат.

Мустафа Шентоп, во третиот круг од гласањето на пленарната седница на Собранието на која учествуваа вкупно 557 пратеници освои 328 гласови.

Останатите кандидати пак, кандидатот на главната опозициона Републиканската народна партија (ЏХП) Халук Коџ освои 134, пратеникот на Демократската партија на народите (ХДП) Ерол Катирџиоглу 51 глас, а кандидатот на партијата ИЈИ Хусејин Филиз освои 37 гласови.

Седум гласачки ливчиња беа неважечки.

Според тоа, актуелниот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во третиот круг од гласањето освои над 301 глас што претставува апсолутно мнозинство од вкупниот број на пратеници и е реизбран за претседател на Собранието со уште еден мандат на работа.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон Мустафа Шентоп на кого му честита за повторниот избор на оваа значајна функција.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор воедно испратил и телеграма со честита до Мустафа Шентоп за реизборот за претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и му посакал успех во новиот мандат.



Слични вести