Ибрахим Калин: Ќе продолжи поддршката на Турција на легитимната либиска влада во Триполи

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека ќе продолжи поддршката на Турција на легитимната либиска влада во Триполи

1451411
Ибрахим Калин: Ќе продолжи поддршката на Турција на легитимната либиска влада во Триполи

Потпретседателот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин даде значајни изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ во врска со актуелниот дневен ред.

Калин истакна дека ќе продолжи поддршката на Турција на легитимната либиска влада во Триполи.

Потсетувајќи дека на барање на легитимната влада во Либија во месец декември минатата година беше потпишан договор за воена соработка и безбедност помеѓу Турција и Либија, Ибрахим Калин рече: „Во рамките на овој договор и даваме поддршка на легитимната влада која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН). Веќе секој знае дека со интервенцијата на Турција таму е воспоставена и една рамнотежа во судирот. Доколку не беше оваа визионерска интервенција на нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган), судирите во Либија ќе беа уште повеќе продлабочени, ќе умреа многу поголем број луѓе и можеби ќе беше неизбежно распарчувањето на Либија.“

Калин истакна дека Владата на Сараџ ги пробаше патиштата за мирољубиво решение и дека спротивно на тоа пучистот Хафтар уште од Договорот од Абу Даби постигнат во април 2019 година, односно приближно еден и пол месец како ги прекршува сите договори, прогласени прекини на огнот и мировните разговори.

Ибрахим Калин во врска со повикот за прекин на огнот во Либија го рече следното: „Владата во Триполи принципиелно не е против овој повик за прекин на огнот, меѓутоа  има одредени услови за да би можел пркеинот на огнот да биде одржлив. Едниот од нив е и враќањето назад на своите позиции од Договорот од Сахират потпишан во 2015 година. Според тоа пак, силите на Хафтар треба да се повлечат од Сирте и Џуфра.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напомена дека Турција ќе ја продолжи до крај својата поддршка на легитимната либиска Влада во Триполи.

Осврнувајќи се и на прекршувањата коишто ги врши Грција во Источниот Медитеран, Калин рече: „Со игнорирање на Турција не е можно да се изградат енергетската карта и политичката стабилност во Источниот Медитеран.“

 



Слични вести