Во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани двајца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во антитерористичка операција во руралното подрачје на градот Хаќќари, поддржана од воздух, се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1450468
Во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани двајца терористи

Во руралното подрачје на градот Хаќќари, во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата од страна на градската команда на жандармеријата е реализирана операција во руралното подрачје на градот Хаќќари поддржана и од воздух.

Во операцијата се неутрализирани двајца терористи.

Операцијата во подрачјето продолжува. 

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи за кои било установено дека се подготвувале за напад.



Слични вести