Спасени 65 мигранти турнати назад од грчката крајбрежна стража кон турските територијални води

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на градот Измир спасија 65 мигранти од кои 36 кај 'ртот Карабурун и 29 кај 'ртот Аслан, а кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1450169
Спасени 65 мигранти турнати назад од грчката крајбрежна стража кон турските територијални води

Од Егејското Море во близина на градот Измир се спасени 65 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

По добиени информации за група мигранти качени на два сплава во морето во близина на 'ртот Карабурун на местото на настанот беа испратени екипи на Командата на турската крајбрежна стража од чија страна беа спасени 36 мигранти кои биле оставени во турските територијални води.

Екипите на турската крајбрежна стража потоа добија информации за група мигранти качени на гумен чамец и во близина на 'ртот Аслан кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Притоа беа спасени 29 мигранти кои беа качени на чамецот на турската крајбрежна стража.  

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Измир.



Слични вести