Сојлу: Сепаратистичко-терористичката организација ПКК, фактички, физички и психолошки е разбиена

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека со успешно реализираните операции сепаратистичко-терористичката организација ПКК, фактички, физички и психолошки е разбиена

1450711
Сојлу: Сепаратистичко-терористичката организација ПКК, фактички, физички и психолошки е разбиена

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу говореше на состанокот за обука и координација на началниците на полициската школа што се одржа во Полициската академија во Анкара.

Сојлу овде истакна дека со успешно реализираните операции сепаратистичко-терористичката организација ПКК, фактички, физички и психолошки е разбиена.

Правејќи проценка во врска со борбата против тероризмот, министерот Сојлу потсети дека 143 семејства чии деца се измамени и однесени на планина од страна на терористичката ПКК 308 дена како одржуваат протест со седење пред градскиот огранок на Демократската партија на народите (ХДП) во градот Дијарбакир.

Сулејман Сојлу нагласи дека до денеска се сретнаа со своите деца 13 семејства и го рече следното: „Иншаллах (со Аллахова помош) денеска или утре ќе го состанеме со своето дете и 14-сетото семејство. Организацијата ја разбиваме фактички, физички и психолошки е разбиена.“

Објаснувајќи дека од почетокот на годината по пат на убедување 94 лица им се предадоа на безбедносните сили, Сојлу ја достави следната информација: „Додека за една година кон терористичката организација се приклучуваа 5.550 лица, бројот на лицата кои и се приклучиле на терористичката организација од почетокот на годината досега изнесува вкупно 21 од кои тројца од странство и тоа од Франција, Германија и Грција.“

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу воедно нагласи дека 270 лица членови на терористичката организација и се предадени на правдата и привлече внимание дека тоа претставува најзначаен показател за капацитетот и способноста на државата.

„ПКК е дојдена во положба да не може да се засолни дури ниту во пештерите. ПКК денеска од страв не може дури и да зборува преку токи воки.“ - рече Сојлу.



Слични вести