Поддршка од германските пратеници за започнување на туризмот со Турција

На укинувањето на предупредувањето на Германија за патување во Турција пристигна поддршка и од германските пратеници

1450562
Поддршка од германските пратеници за започнување на туризмот со Турција

Портпаролите за надворешна политика на коалиционите партии на власт во Германија дадоа поддршка на разговорите коишто се водат со за нормализација во туризмот.

Портпаролот за надворешна политика на парламентарната група на Социјалдемократската партија (СПД) Нилс Шмид, портпаролот за надворешна политика на парламентарната група на Демохристијанската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалстичката унија Јирген Хардт и потпретседателот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) на Турција Џевдет Јилмаз учествуваа на еден состанок во главниот град на Германија, Берлин, кадешто направија проценка на актуелниот дневен ред.

Пратеникот на СПД Шмидт истакна дека се надева оти за време на претседателствувањето на Германија со Европската унија (ЕУ) ќе бидат развиени односите меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција, а воедно го сподели и очекувањето дека со постигнување успех во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во наредните денови ќе биде укинато и предупредувањето на Германија за патување.

Шмидт рече: „Се надевам дека летово ќе можам да патувам за Турција. Можеби во наредните една или две недели ќе можеме да видиме некои промени во предупредувањето за патување и јас ќе можам да го спремам мојот куфер и ќе можам да одам.“

Германскиот пратеник Хардт кој е портпарол за надворешна политика на парламентарната група на Демохристијанската унија, укажа на тоа дека има надеж во дијалогот којшто продолжува помеѓу Турција и Германија во сферата на туризмот.

„Доколку изнајдеме одреден пат по прашањето на олабавување на ограничувањето за патување помеѓу Германија и Турција, тоа ќе биде многу корисно ѝ за стотици илјади Турци во Германија ѝ за стотици илјади Германци кои во основа своите одмори ги поминуваат во Турција.“ - рече Хардт.

Потпретседателот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз, во својот говор и посака успех на Германија за време на нејзиното претседателствување со Европската унија (ЕУ) и го рече следното: „Се надевам дека во овој период ќе достигнеме до многу попозитивно ниво во односите меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција.“



Слични вести