Благодарност од азербејџанскиот претседател до претседателот Ердоган до доставената мецицинска помош

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев испрати писмо до претседателот Ердоган во кое се заблагодари за доставената медицинска помош од Турција на неговата земја во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1450145
Благодарност од азербејџанскиот претседател до претседателот Ердоган до доставената мецицинска помош

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за доставената медицинска помош од Турција на неговата земја, со цел да се придонесе во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Илхам Алиев во испратеното писмо до претседателот Ердоган го изрази своето сочувство за починатите од Ковид-19 во Турцијадо семејствата и блиските на загинатите поради Ковид-19, а на болните им посака побрзо оздравување.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на претседателот Ердоган и за испратеното писмо со датум од 5 јули 2020 година и истакна дека заслужуваат секаква пофалба и секакво ценење активностите коишто ги води Турција на чело со Ердоган против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган завчера од страна на Турција му беше доставена медицинска помош на Азербејџан составена од 30 вентилатори, 55 илјади заштитни комбинезони, 50 илјади маски N95, 100 илјади хируршки маски, 5 илјади заштитни наочари, 200 илјади ракавици и 40 илјади кутии различни видови лекови.



Слични вести