Заменик генерален секретар на ОН: Волкан Бозкир го носи со себе своето повеќедецениско искуство

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации Никхил Сетх истакна дека Волкан Бозкир на должноста претседател на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) доаѓа со своето повеќедецениско искуство

1449892
Заменик генерален секретар на ОН: Волкан Бозкир го носи со себе своето повеќедецениско искуство

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации Никхил Сетх во својата направена проценка во врска со изборот на Волкан Бозкир за претседател на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) истакна дека Волкан Бозкир на оваа должност го носи своето повеќедецениско искуство.

Никхил Сетх рече: „Амбасадорот Волкан Бозкир за Обединетите нации (ОН) ќе претседателствува со Генералното собрание во текот на една критична година. Амбасадорот Бозкир на должност го носи своето повеќедецениско искуство и ќе треба да ја добие поддршката на сите држави членки на Обединетите нации (ОН). Со задоволство ја дочекувам неговата намера да создаде доверба меѓу земјите.“

Нагласувајќи дека создавањето на доверба меѓу земјите исто како и секогаш и сега претставува неопходен чекор за напредок, Сетх рече: „Амбасадорот Волкан Бозкир, освен со владите ќе треба да воспостави врска и со младите, компаниите, академиите, групите на жените, локалните народи, старите и хендикепираните лица.“

Сетх говореше и во врска со прегратката којашто земјите како Турција им ја отворија на мигрантите и бегалците.

Укажувајќи на тоа дека од одамна се потрошени изворите со коишто се располагаше во првиот период, тогаш кога сириските бегалци поради граѓанската војна избегаа од својата земја, Сетх го рече следното: „Потребите на мигрантите создаваат растечки притисоци врз националните системи и изворите собено на земјите домаќини и општества како Турција. Турската Влада продолжува со заштитата и помагањето на мигрантите и бегалците во Турција и покажува дека овој проблем е присвоен на силен начин од нејзина страна.“



Слични вести