Во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1449769
Во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека турските командоси ги преземаат сите видови мерки за воспоставување на спокојството и безбедноста на сириските граѓани во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во соопштението се вели следното: „Нашите командоси спречија уште еден обид за напад на терористичката организација ПКК/ЈПГ и неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ.“



Слични вести