Чавушоглу: Доколку ЕУ донесе дополнителни одлуки против Турција и ние ќе мораме на одговориме на нив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека доколку Европската унија (ЕУ) донесе дополнителни одлуки против Турција и Таа ќе мора да одговори на нив

1450033
Чавушоглу: Доколку ЕУ донесе дополнителни одлуки против Турција и ние ќе мораме на одговориме на нив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жоџеп Борел кој допатува во посета на Анкара.

По средбата лице в лице, Чавушголу и Борел одржаа заедничка прес конференција.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа овде истакна дека Европската унија (ЕУ) не треба да презентира политички приод кон Турција.

Чавушоглу рече дека доколку Европската унија (ЕУ) донесе дополнителни одлуки против Турција и Таа ќе мора да одговори на нив.

„Доколку добро ги одделиме едно од друго техничките прашања и политичките прашања, ќе можеме да решиме голем број проблеми“ - рече Чавушоглу и побара да бидат одржани ветувањата коишто и се дадени на Турција.

„На Европската унија (ЕУ) не и годи премногу, меѓутоа визната либерализација е ветување на ЕУ. Макар и тоа што не ви се допаѓа морате да го исполните ова ваше ветување. Доколку Европската унија (ЕУ) донесе дополнителни одлуки (против Турција) ќе мораме да одговориме на тоа. Тоа пак, нема да придонесе за решение.“

Потсетувајќи дека Турција ги исполнува своите обврски коишто и се паѓаат во договорот за миграцијата потпишан со ЕУ, Мевлут Чавушоглу истакна дека за заедничи проблем треба да се делува заеднички и дека да се очекува се од Турција нема да го реши проблемот, туку ќе го продлабочи.

Чавушоглу наведе дека очекуваат праведност по прашањата на Источниот Медитеран и Кипар и дека од Европската унија (ЕУ) се очекува да стане страна за решението, а не страна за проблемот.

Подвлекувајќи дека за енергетските извори во Источниот Медитеран ќе се даде поддршка на посредувањето на Европската унија (ЕУ) и го рече следното: „Доволно е да биде фер посредувач.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбеденосна политика Жозеп Борел во својот говор го рече следното: „Имаме потреба од поголема соработка со Турција. Нашите односи со Турција станаа најзначајно прашање на Европската унија (ЕУ) од аспект на надворшената политика.“



Слични вести