Претседателот Ердоган: Турција до денеска не се стекнала со ниту една придобивка без борба

Претседателот Ердоган истакна дека турција до денеска не се стекна со ниту една придобивка без борба

1449349
Претседателот Ердоган: Турција до денеска не се стекнала со ниту една придобивка без борба

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска преку видеоконференција учествуваше на церемонијата на колективното отворање на постројките за хидроелектрична енергија коишто се ставени во погон од страна на Министерството за енергија и природни ресурси.

Претседателот Ердоган на почетокот на своето обраќање им честита на институциите, Министерството за енергетика и природни ресурси, на инженерите, работниците и компаниите изведувачи кои придонесоа за изградба на хидроцентралите.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција до денеска не се стекнала со ниту една придобивка без борба.

Истакнувајќи дека централите ќе му придадат енергија на развојот на енергетскиот сектор на Турција, Ердоган рече дека тие ќе бидат симболи на развојот и растот на земјата.

Претседателот Ердоган нагласи дека хидроцентралите речиси се отскочни даски за цивилизацијата на Турција и напомена дека за една земја која нема развиена енергетика не е можно да се зборува дека е цивилизациска, дека е развиена и дека е индустријализирана земја.

Велејќи „Ние како Турција до денеска не се стекнавме со ниту една придобивка без борба“, претседателот Ердоган го рече следното: „Во период кога целиот свет се затвори (повлече) во себе, подржувајќи ги инвестицијата, производството и вработувањето со раздвојувањето коешто го презентиравме во позитивна насока покажавме дека не се предадовме пред епидемијата. Во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) освен во здравствените услуги, Турција ги продолжи своите инвестирања речиси во секоја сферас и ја покажа својата одлучност за постигнување на своите зацртани цели за 2023 година.“

Ердоган истакна дека приватниот сектор само во организираните индустриски зони во последните 6 месеци со инвестирање од 10 милијарди турски лири (приближно 1,46 милијарди долари) ја заврши изградбата на 583 нови фрабрики и истите ги стави во погон.

Претседателот Ердоган исто така го критикуваше и ставот на Европската унија (ЕУ) што го применува кон Турција во врска со што рече: „Европската Унија (ЕУ) ги постави пред Турција земјите кои имаа проблеми со транспарентноста и тоа евидентно ја изнесува намерата во позадината на двојниот стандард што го применува. Ние имаме доверба во себе во однос на секое прашање од здравството до економијата, од дипломатијата до безбедноста.“



Слични вести