Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по Либија отпатува во посета на Малта

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, по остварената посета на Либија отпатува во посета на Малта кадешто оствари низа средби и разговори

1449166
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по Либија отпатува во посета на Малта

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, по остварената посета на Либија оттаму отпатува во посета на Малта.

Министерот Акар се состана со министерот на надворешни работи и европски прашања на Малта Еварист Бартоло.

На средбата присуствуваа и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер како и амбасадорот на Турција во Малта Керем Киратли.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на своите средби и разговори во малта се состана и со министерот за национална безбедност и внатрешни работи Бајрон Камилери.

По средбата двајцата министри претседаваа со меѓуделегациските разговори на кои пак присуствуваа и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и началникот на Генералштабот на Малта Џефри Курми.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер ја посетија и Амбасадата на Турција во Валета кадешто имаа средба со амбасадорот Керем Киратли, а потоа ја посетија Алејата на турските шехиди (паднати борци) во Малта. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар положи венец на споменикот и каранфили на гробовите на турските шехиди (паднати борци), а потоа се потпиша и во спомен книгата на алејата.



Слични вести