Мевлут Чавушоглу: Турција е едната од најуспешните земји во борбата против Ковид-19

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е едната од најуспешните земји во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1449239
Мевлут Чавушоглу: Турција е едната од најуспешните земји во борбата против Ковид-19

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во познатото туристичко одморалиште Аланија во Анталија учествуваше на промотивниот состанок „Здрав туризам, безбеден град“.

Чавушоглу во говорот што го одржа овде истакна дека Турција е едната од најуспешните земји во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу рече: „Благодарение на мерките коишто ги презедовме станавме една од најуспешните земји во борбата. Ние сме една од земјите кои располагаат со најдобар здравствен систем и инфраструктура.“

Чавушоглу рече: „Турција ја реализирала најголемата операција за евакуација во својата историја, Чавушоглу рече: „Од 130 држави повеќе од 90.000 наши граѓани ги донесовме во земјата.“

Велејќи дека Турција им испрати медицинска помош на 137 земји и дека ќе продолжи со испраќање, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Испраќаме дополнителна помош на земјите каде што растат бројките (на смртни случаи и случаи на зараза). Крајно успешно ја реализиравме најголемата операција за евакуација во историјата на Република Турција, донесовме во нашата земја повеќе од 90 илјади наши граѓани од 130 земји. 90 земји побараа да ги евакуираат своите граѓани од Турција. Обезбедивме придонес за евакуација на 230 илјади граѓани од овие земји, активностите ги координиравме заедно.“



Слични вести