Во терористички напад во Африн на северот на Сирија загина еден полицаец, а двајца цивили се ранети

Во центарот на градчето Африн кое со операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) Маслиново гранче (20 јануари-24 март 2018 година) беше исчистено од терористите, експлодира поставена бомба на пат при што загина еден полицаец, а двајца цивили се ранети

1448701
Во терористички напад во Африн на северот на Сирија загина еден полицаец, а двајца цивили се ранети

Во реализиран бомбашки терористички напад во градчето Африн во подрачјето на операцијата Маслиново гранче, во северниот дел на Сирија, загина еден полицаец, а двајца цивили се ранети.

Во центарот на градчето Африн кое со операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) Маслиново гранче (20 јануари-24 март 2018 година) беше исчистено од терористите, експлодира поставена бомба на пат.

Во нападот загина еден припадник на локалните полициски сили, а се ранети и двајца цивили.

Безбедносни извори информираат дека бомбашките акции во ослободените области од тероризмот се реализираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, но дека организацијата избегнува да ја преземе одговорноста за овие напади во кои гинат цивили.

Во експлозија и на поставена бомба на мотоцикл на 24 јуни исто така во центарот на градчето Африн загинаа двајца цивили, а 5 мина беа ранети. 

Инаку, терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјето на Тел Рифат кое во согласност со постигнатиот меморандум помеѓу Турција и Русија на 22 октомври 2019 година треба да да го напуштат, често реализираат терористички напади врз ослободените подрачја на Ал Баб, Азез, Џераблус и Африн, во северниот дел на Сирија.

 



Слични вести