Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Шепа-Тигар“ којашто е започната на 17 јуни против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, се неутрализирани тројца терористи на ПКК

1448849
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира за текот на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто е започната на 17 јуни против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.

Министерството соопшти дека се неутрализирани тројца терористи на ПКК и дека се запленети и 3 пешадиски пушки AK-47, 1 пешадиска пушка M-16, 10 рачни бомби, 500 парчиња муниција за M-16, 2 ракетни фрлачи RPG-7 и 3 гранати за нив.

Во споделената објава се споделени и фотографии на запленетото оружје и муниција.



Слични вести